ПО ПОВОД 10 ДЕКЕМВРИ ДЕНОТ НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА БЕШЕ ОДРЖАН ПАНЕЛ-ДИСКУСИЈА НА ВИЗИОН


На 9 декември 2022 година се одржа панел-дискусија во свечената сала на Меѓународниот универзитет „Визион“, по повод денот на човековите права, односно денот на усвојувањето на „Универзалната декларација за човекови права“. Модератор на панел-дискусијата беше проректорот на МУВ, проф. д-р Абдулмеџит Нуредин, а како говорници на панел-дискусијата беа професорите на МУВ, доц. д-р Азам Ќорбајрам и доц. д-р Ебру Ибиш.

На панел-дискусијата кој започна со воведниот говор на ректорот на Меѓународниот универзитет „Визион“, проф. д-р Ахмет Веџди Џан, се обрати и деканката на Правниот факултет, доц. д-р Весна Попоска, која на присутните им го потенцира значењето и важноста на овој ден. Панел-дискусијата продолжи со презентации на предавачите, а во последниот дел предавачите одговараа на прашања од студентите.

АКАДЕМСКИСОРАБОТКИ

Kafkasya Üniversiteler Birliği
Bilecik Şeyh Edebali Üniversitesi
Kırgızistan Türkiye Manas Üniversitesi