ОДБЕЛЕЖАН ЕВРОПСКИОТ ДЕН НА ПРАВДАТА


На ден 25.10.2022, дваесетина студенти од МУВ Правен факултет предводени од нивните професори и деканката доц.д-р Весна Попоска, на покана на претседателот  на Основниот суд во Гостивар Ељеса Али, се придружија на глобалниот тренд на одбележеување на Европскиот ден на правдата и реализираа посета на судот. При посетата, студентите се запознаа со работата на судот во сите фази од постапката во кривичната и граѓанската материја, како и со неколку судии ,обвинители  и стручни соработници вработени во основнит суд, и имаа можност со нив да поразговараат и да побараат практични појаснувања.

За Европскиот ден на правдата

Европскиот ден на правдата се одбележува секоја година на 25 октомври. Целта е да ја доближи правдата до граѓаните, да ги информира за нивните права и да ја промовира работата на Советот на Европа и Европската комисија во областа на правдата, преку симулација на процедури и информативни сесии.Овој ден е отворен за сите европски граѓани, студенти и луѓе кои работат во областа на правдата.

АКАДЕМСКИСОРАБОТКИ

Kafkasya Üniversiteler Birliği
Bilecik Şeyh Edebali Üniversitesi
Kırgızistan Türkiye Manas Üniversitesi