ВО ИСТАНБУЛ СЕ ОСНОВА МЕЃУНАРОДНА АСОЦИЈАЦИЈА ЗА БАЛКАНСКИ СТУДИИ


Универзитетот „Румели“ од Истанбул, како домаќин, ја организираше првата работилница за балкански студии.

На оваа работилница присуствуваа 25 академски работници и претставници на Балкански истражувачки центри меѓу кои и претставници од Универзитетот „Визион“ кои ја претставуваа Северна Македонија, од Универзитетот во Клуж кој ја претставува Романија, од Универзитетот во Софија кој ја претставува Бугарија, од Универзитетот во Сараево кој ја претставува Босна, од Белградскиот универзитет кој ја претставува Србија, како и од  универзитети од Турција (Тракија, Киркларели, Еге, Улудаг).

 На овој настан беше одлучено овие работилници да се одржуваат на секои две години во различна балканска земја. На овој начин е формирана Меѓународната асоцијација за балкански студии, каде Меѓународниот универзитет „Визион“ е основачки член на асоцијацијата.

АКАДЕМСКИСОРАБОТКИ

Kafkasya Üniversiteler Birliği
Bilecik Şeyh Edebali Üniversitesi
Kırgızistan Türkiye Manas Üniversitesi