НА МЕЃУНАРОДНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ „ВИЗИОН“ СЕ ОДРЖА ВТОРАТА ДОКТОРСКА ДИСЕРТАЦИЈА


На 17 декември 2021 година,  кандидатка м-р Нита Белули Лума ја одбрани својата докторска теза во  салата на Сенатот на Меѓународниот универзитет „Визион“. Таа успешно ја одбрани докторската теза со наслов „Влијанието на пандемијата од коронавирус (КОВИД-19) врз животниот стил и промените во социјалните односи во областа на клиничката психологија и ефектите врз менталното здравје на возрасната популација во Северна Македонија“, пред формираната комисија во состав од: проф. д-р Муса Мусаи (ментор и член), проф. д-р Љуфти Османи (претседател), проф. д-р Абдулмеџит Нуредин (член), проф. д-р Менсур Нуредин (член) и се стекна со титулата доктор на науки.

Која е д-р Нита Белули Лума?

Нита Белули Лума е родена на 2 септември 1987 година во Струга, Северна Македонија. Во 2010 година дипломирала на Катедрата за психологија при Државниот универзитет во Тетово. На тој универзитет магистрирала на програмата по образовна психологија. Била избрана за најдобра студентка во својата генерација, а во 2011 година започнала да работи како асистент, каде работела 6 години на Катедрата за психологија на Државниот универзитет во Тетово.

На  Државниот Универзитет „Мајка Тереза“ во Скопје, Нита работи од 2019 година,  каде држи предавања по предметите за Ментално здравје, Превенција од ментални нарушувања, Општа психологија и Справување со стрес. Во меѓувреме, во Елбасан се стекнала со професионална практична обука за деца со аутизам и семејства на лица со аутизам. Престојувала една година во Центарот за психотерапија и советување „Кортекс“ во Тетово. Таа, исто така се има стекнато со титулата акредитиран образовен практичар од истоименото Здружение на комплементарни терапевти.

Покрај психологијата, Нита е и поетеса и досега има објавено 4 поетски книги. Во 2013 година од страна на Министерството за правда на РС Македонија добива лиценца за овластен судски преведувач на  англиски и македонски јазик.


АКАДЕМСКИСОРАБОТКИ

Kafkasya Üniversiteler Birliği
Bilecik Şeyh Edebali Üniversitesi
Kırgızistan Türkiye Manas Üniversitesi