ВО МЕЃУНАРОДНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ „ВИЗИОН“ СЕ ОДРЖА 5-ТАТА ЦЕРЕМОНИЈА НА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДИПЛОМИ


Во гостиварскиот културен центар под модераторство на познатиот водител Јусуф Емин,  Меѓународниот универзитет „Визион“ одржа чествување на три важни настани, 8- годишнина од постоењето на Меѓународниот универзитет „Визион“, 5-тата церемонија на доделување на дипломи и одбележувањето на Денот на образование на турски јазик, 21 декември.

На оваа церемонија од Турција присуствуваа главниот советник на претседателот на Република Турција, Ајше Туркменоглу, главниот советник на претседателот на МХП проф. д-р Рухи Ерсој, ректорот на Универзитетот „Омер Халисдемир“ во Нигде, проф. д-р Хасан Услу, заменикот на генералниот секретар на Турксој, доц. д-р Билал Чакиџи, потпретседателот на Турската федерација на ветерани, Левент Демир и претседателот на Здружението на новите османлии, Сафет Атак.

На оваа церемонија, исто така, присуствуваа претседателот на ТДП и пратеник д-р Бејџан Иљас, претседателот на TMБХ Ердоган Сарач, заменик-министерот за труд и социјална политика Енвер Хусеин, секретарот на премиерот на РСМ доц. д-р Муједин Kавеџи, заменик-директорот на АФАД на РСМ, Зулфиќар Зејнулах, заменик-координаторот на Управата за национална гранична контрола, Менфи Илјаз, гостиварскиот муфтија Сабахудин Зендели, универзитетски професори, членови на одборот на донатори на Универзитетот, студенти, членови на печатот и медиумите и многу гости.

Поздравувајќи ги гостите кои присуствуваат на свечената церемонија, ректорот проф. д-р Ахмет Веџди Џан, на почетокот на својот говор му се заблагодари на проф. д-р Фадил Хоџа кој успешно ја извршуваше функцијата ректор во два мандати и на неговите колеги, и  му се заблагодари и на турскиот народ во Гостивар, што Гостивар го направиле универзитетски град.

Главениот советник на претседателот на Турција, Ајше Туркменоглу, рече: „Балканот е нашето срце. Иако во последниот период на Отоманската империја, кога се формираше Република Турција, беа исцртани граници со кои тогашните владетели се обидоа да не одвојат од нашето срце, тоа беше само физичка разделба. Нашите срца, души и нашата кибла се едно, сите го чувствуваме тоа во нас. Мислам дека во иднината особено нашите образовни институции и невладини организации треба да имаат многу важни мисии за да го пренесат ова заедништво и оваа географија на нашите срца пред да биде предоцна. Ние ќе бидеме до луѓето од нашето срце каде и да се во светот. Ние дејствуваме со ова мото“.

Главниот советник на претседателот на МХП, д-р Девлет Бахчели и проф. д-р Рухи Ерсој, пренесувајќи ги лично поздравите и честитките од претседател на Партијата за националистичко движење, д-р Девлет Бахчели, им честиташе на дипломците со желба Меѓународниот универзитет „Визион“ да биде знаменосец на турскиот јазик во Северна Македонија, а на Меѓународниот универзитет „Визион“ му посака да продолжи по својот пат со мислата и верувањето во турскиот глас и знаме, истовремено посакувајќи му успех во образованието, обуката и другите академски активности.

Обраќајќи се на учесниците на програмата, претседателот на ТДП и пратеник Бејџан Иљас рече: „Меѓународниот универзитет „Визион“ е важен во задоволување на големата потреба на полошкиот регион во обезбедување на добро образование на младите од регионот од една страна, и обезбедување на добро образование на студенти од странство, особено од Република Турција и затоа ги поздравувам чекорите што ги презедовте. Гледаме дека нашиот универзитет, кој е центар на знаењето и науката на македонските Турци, презема брзи чекори кон тоа да стане една од најважните високообразовни институции во Македонија“.

Претседателот на ТМБХ, Ердоган Сарач во својот говор рече: „Можно е да ги заштитиме нашите национални и морални вредности само преку нашиот турски јазик во оваа земја што ја знаеме како наша татковина“.

На крајот на програмата, ректорот на Меѓународниот универзитет „Визион“, проф. д-р Ахмет Веџди Џан, основачкиот ректор проф. д-р Фадил Хоџа, проректорите проф. д-р Абдулмеџит Нуредин, проф. д-р Менсур Нуредин и проф. д-р Зоран Филиповски им доделија плакети на ценетите учесници, дипломи на дипломираните студенти, а најдобрите во генерацијата беа наградени со пофалници. Програмата беше затворена со церемонијата фрлање на капи.

АКАДЕМСКИСОРАБОТКИ

Kafkasya Üniversiteler Birliği
Bilecik Şeyh Edebali Üniversitesi
Kırgızistan Türkiye Manas Üniversitesi