МЕЃУНАРОДНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ „ВИЗИОН“ И УНИВЕРЗИТЕТОТ „САКАРИЈА“ СПРОВЕДОА ПРОГРАМА ВО ЧЕСТ НА АТАТУРК ВО ВОЕНАТА ГИМНАЗИЈА ВО БИТОЛА


На 10 ноември 2022 година, Меѓународниот универзитет „Визион“ одржа програма за комеморација на Ататурк, што традиционално ја организира секоја година во воената гимназија во Битола со своите професори и студенти.

Покрај програмата за комеморација на Ататурк, Меѓународниот универзитет „Визион“, одржа наставно-научен настан заедно со еден од почитуваните универзитети во Република Турција, Универзитетот „Сакарија“  и  Центарот за апликативни истражувања „ТУРКМЕР“, при овој универзитет. Програмата за комеморација се состоеше од официјален протокол, церемонија на комеморација на Ататурк и панел-дискусија.

Програмата започна со едноминутен молк во чест на духовното присуство на Ататурк во 9:05 часот. Потоа ректорот на Меѓународниот универзитет „Визион“, проф. д-р Ахмет Веџди Џан го одржа протоколарниот говор. По протоколарните говори, неколку поетски дела во спомен на Ататурк беа изрецитирани од страна на студентите на Меѓународниот универзитет „Визион“. Во продолжение на церемонијата за комеморацијата на Ататурк, под водство на ректорот на Меѓународниот универзитет „Визион“, проф. д-р Ахмет Веџди Џан и основачкиот ректор проф. д-р Фадил Хоџа, во спомен-собата на Ататурк беше положен венец.

Вториот дел од програмата се состоеше од панел-дискусија за визионерската личност на Ататурк. На панелот под модераторство на основачкиот ректор на Меѓународниот универзитет „Визион“, проф. д-р Фадил Хоџа, свои излагања имаа проф. д-р Ќоксал Шахин и доц. д-р Суат Кол, кои го претставуваа Универзитетот „Сакарија“ и проф. д-р Абдулмеџит Нуредин кој го претставуваше Меѓународниот универзитет „Визион“.

На програмата, покрај, претседателот на Турската демократска партија, пратеник во Собранието на Република Северна Македонија и претседател на Меѓупарламентарната група за пријателство помеѓу Северна Македонија и Турција, д-р Бејџан Иљас, секретарот на премиерот на Република Северна Македонија, доц. д-р Муедин Кавеџи, советникот на министерот за образование и наука на Северна Македонија, г. Ѓонул Бајрактар, генералниот секретар на Турската демократска партија, г. Ердал Ахмет, присуствуваа голем број на академици и голем број на студенти од земјава и странство. По завршувањето на програмата беше организирано патување во Битола и Охрид за студентите на Меѓународниот универзитет „Визион“.

АКАДЕМСКИСОРАБОТКИ

Kafkasya Üniversiteler Birliği
Bilecik Şeyh Edebali Üniversitesi
Kırgızistan Türkiye Manas Üniversitesi