ВО МЕЃУНАРОДНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВИЗИОН ПО ПОВОД СВЕТСКАТА НЕДЕЛА НА КВАЛИТЕТОТ 2021 СЕ ОДРЖА ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА


Порака од Ректорот по повод СВЕТСКАТА НЕДЕЛА НА КВАЛИТЕТОТ 2021

Со особено задоволство објавуваме дека Меѓународниот Универзитет Визион во Гостивар, оваа година се придружува на одбележувањето на Светската недела на квалитет во 2021. Ова е позитивна практика која опстојува повеќе години со цел да се промовира успехот и одбележат придобивките од посветеноста кон обезбедување на квалитетот, преку споделување и размена на искуствата, придонесите, предизвиците и научените лекции. Оваа година се одбележува темата:

Одржливост: унaпредување на нашите производи, луѓе и планета CQI, 2021

На овој начин, Универзитетот има можност поблиску и посеопфатно да ја разгледува оваа современа и атрактивна тема која ги интересира установите и организациите на глобално ниво, и ги поттикнува да ги негуваат можностите за подобрување на севкупниот квалитет за да се продолжи кон постигнувањето на извонредни перформанси во образовната дејност, со цел да се постигне општество со нула отпад (Zero-Waste society).

17-те цели за одржлив развој (Sustainable Development Goals – SDGs) и 169-те оперативни цели поставени од Обединетите Нации, во Агендата за одржлив развој до 2030 година, бараат да се разбере круцијалната важност и значењето на луѓето, планетата, просперитетот, мирот и партнерствата. Овие цели за одржлив развој интегрирани и неделиви ги балансираат трите столба на одржливоста: економски, социјален и еколошки, кои придонесуваат за еднаквост, толерантност, и отвореност во социјално инклузивниот свет. Во овој поглед, улогата на Универзитетот е исклучително важна, и од тој аспект, ние сме целосно посветени во напорот да постигнеме забележителни резултати преку интегрирање на барањата за одржлив развој во нашите политики за развој, мисии, стратегии и наставни програми, партнерста и односи во општествената заедница, надградувајќи ги капацитетите на Универзитетот и негувајќи го меѓукултурниот дијалог на национално, регионално и глобално ниво.

Обезбедете инклузивно и правично квалитетно образование и промовирајте можности за доживотно учење за сите (UN, SDGs)

И во услови на пандемија Ковид -19, ние остануваме посветени на реализација на целта 4. за одржлив развој во образованието и за која на систематичен начин, преку системските процеси на универзитетот ќе испорачуваме:

v  Релевантни и ефективни резултати од учењето во инклузивни средини.

v  Еднаков пристап за сите, вклучително и студентите со попреченост и студентите од ранливите групи.

v  Развивање на духот на претприемништвото и иновацијата.

v  Знаења и вештини за промовирање на човековите права, мирот, ненасилството и глобалното граѓанство.

v  Вклучување во главните токови за развој на висококвалитетни наставници во образовната дејност и посветени научни истражувачи.

При тоа потенцираме дека нашата определба за континуирана евалуација на напредокот станува уште понагласена преку обезбедување и одржување на културата на квалитет со долгорочна ориентација. Сите ние на универзитетот сме обврзани да ги негуваме следните принципи, најпрво тоа е нашиот фокус кон секој еден студент, наша ориентацијата кон постигнување на мерливи резултати преку квалитетен и осовременет пристап во наставата и процесот на истражувањето, земајќи ги во предвид сите актуелни општествено-економски и социјални вредности од гледна точка на глобален развој.

Образованието за одржлив развој претставува клучен механизам за постигнување на целите за одржлив развој” (UNESCO, 2015)

Ние сме убедени дека образованието за одржлив развој на Универзитетот мора да биде врвен приоритет. Квалитетот на образовниот процес и резултатите од научно-истражувачката работа директно и неминовно влијаат врз квалитетот на реализација на сите поставени развојни цели. Но треба да бидеме свесни дека Универзитетите како никогаш до сега се соочуваат со големи предизвици во услови на експанзија на напредната дигитална информатичка технологија и глобалните предизвици од формат на економска рецесија, сиромаштија и нееднаквост, климатска криза, климатски промени поради недостиг на вода и загадување на водата, деградација на животната средина, недостиг на енергија, како и агресивни закани од формат на моманталната пандемија и други природни непогоди.

Од таа причина, ние на Универзитетот се соочуваме со потребата да изградиме силно лидерство во менаџмент структурите, да ги вклучиме принципите на одржливост во процесите на решавање на проблемите, носењето на одлуките, откривањето и управувањето со промените кои имаат долготраен ефект во високото образование, со цел да ја зголемиме отпорноста и намалиме ризикот во нашето работење. Ние и понатаму остануваме посветени на развивање на клучните компетенции и вештини помеѓу студентите и академскиот кадар, (“systems-thinking competency”, “anticipatory competency”, “normative competency”, “strategic competency”, “collaboration competency”, “critical-thinking competency”, “self-awareness competency”, “integrated problem-solving”) со цел да се постигнат целите за когнитивно учење, целите на социо-емоционалното учење и да се подготват студентите и академскиот кадар да го следат одржливиот развој.

Јас сум цврсто уверен дека нашиот Универзитет ќе остане на патеката да обезбедува и негува знаење, вредности, компетенции, вештини, ставови и однесувања потребни за развој во 21 век, дека нашите дипломирани студенти и академски кадар ќе придонесат за развој и унапредување на современите амбициозни концепти како што е Индустрија 4.0, Квалитет 4.0, Реинженеринг на деловни процеси, Циркуларна економија - репроизводство, Иновации 5.0, потребни за промовирање, одржување и подобрување на паметен, одржлив и инклузивен раст кон одржливо општество без загуби и отпад.

Би сакал да изразам голема благодарност до академскиот кадар, административниот кадар, сите наши студенти, алумни и пријатели, како и универзитети со кои имаме соработка, за нивниот придонес во заедничките напори за подобрување на квалитетот во образовната, истражувачката и иновациската активност, особено во ова турбулентно и неизвесно време.

На крајот ќе ја завршам мојата порака по повод Светската недела на квалитет 2021, со цитатот:

Образованието може, и мора, да придонесе за нова визија на глобалниот одржлив развој." UNESCO, 2015

АКАДЕМСКИСОРАБОТКИ

Kafkasya Üniversiteler Birliği
Bilecik Şeyh Edebali Üniversitesi
Kırgızistan Türkiye Manas Üniversitesi