ВО МЕЃУНАРОДНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ „ВИЗИОН„ Е ПРЕТСТАВЕНА КНИГАТА ОД МЕТИН МЕХМЕД НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ИНВАЛИДИТЕ


Во рамките на меѓународниот ден на лицата со попреченост, 3 декември, Меѓународниот универзитет „Визион“ ја претстави книгата „Посебни светови“ од Метин Мехмед, дипломец на Универзитетот.

На церемонијата на претставување на книгата присуствуваа основачкиот ректор на Меѓународниот универзитет „Визион“, проф. д-р Фадил Хоџа, секретарот на премиерот на Република Северна Македонија, доц. д-р Муједин Кавеџи, директорот на одделот за ИТ при Министерството за здраство на Република Северна Македонија, Рефик Мустафа, заменик- директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Зулфиќар Зејнула, општина Гостивар беше претставена од раководителот на секторот за образование Аслихан Снопче, директорот на ОУ „Кемал Ататурк“, Нури Мазлам, членовите на Советот на општина Гостивар, Ерсин Керала и Раиф Раиф, членови на печатот како и многу други поканети гости.

Отворањето на програмата го направи основачкиот ректор на Меѓународниот универзитет „Визион“,  проф. д-р Фадил Хоџа и раководителот на сектор за образование при општина Гостивар Аслихан Снопче, додека претставувањето на книгата беше извршено од стана на доц. д-р Хава Шабан, која е професор на Меѓународниот универзитет „Визион“.

По говорите, авторот Метин Мехмед потпишувајќи се, својата книга и им ја подари на присутните.

АКАДЕМСКИСОРАБОТКИ

Kafkasya Üniversiteler Birliği
Bilecik Şeyh Edebali Üniversitesi
Kırgızistan Türkiye Manas Üniversitesi