ПОД ПОКРОВИТЕЛСТВО НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „ЕГЕ“ НАШИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ОДРЖА МЕЃУНАРОДЕН СИМПОЗИУМ ЗА ОПШТЕСТВЕНИ НАУКИ НА ТУРСКИОТ СВЕТ


Институтот за студии на турскиот свет (ТДАЕ) при Универзитетот „Еге“ (ЕУ), беше домаќин на „Меѓународен симпозиум за општествени науки на турскиот свет“ кој се одржа на 2 и 3 декември во соработка со Меѓународниот универзитет „Визион“, Меѓународната организација за турска култура (ТУРКСОЈ), Универзитетот „Каракалпак“ (КДУ), Академијата на државниот царински комитет на Азербејџан, Државниот земјоделски универзитет на Азербејџан (AДАУ), Азербејџанската академија за труд и социјални односи и Универзитетот „Призрен“ (УПЗ).

На настанот организиран во чест на 30-годишнината од формирањето на TДАЕ покрај ректорот на Меѓународниот универзитет „Визион“, проф. д-р Ахмет Веџди Џан, проректорот проф. д-р Абдулмеџит Нуредин, проректорот на ЕУ, проф. д-р Хакан Атилган, директор на TДАЕ, проф. д-р Надим Маџит, основачкиот директор на TДАЕ, проф. д-р Фикрет Туркмен, заменик-генералниот секретар на ТУРКСОЈ, доц. д-р Билал Чакиџи, учествуваа академици и истражувачи од сите области на општествените науки од целиот турски свет. На симпозиумот учествуваа 437 академици и истражувачи од земјата и странство.

АКАДЕМСКИСОРАБОТКИ

Kafkasya Üniversiteler Birliği
Bilecik Şeyh Edebali Üniversitesi
Kırgızistan Türkiye Manas Üniversitesi