СЕ ОДРЖА OДБРАНА НА ТРЕТАТА ДОКТОРСКА ДИСЕРТАЦИЈА НА МЕЃУНАРОДНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ „ВИЗИОН“


На 18 јануари 2022 година, м-р Шехида Ризванче Матсан, која е член на академскиот кадар на Меѓународниот универзитет „Визион“, ја одбрани својата докторска теза со наслов „Испитување на врсничкото малтретирање, сајбер малтретирањето, сајбер виктимизацијата и чувството на семејна припадност кај средношколците од областа на клиничката психологија“. Одбраната беше онлајн преку апликацијата тимс, и се одржа пред формираната комисија во состав од: проф. д-р Муса Мусаи (ментор и член), проф. д-р Абдулмеџит Нуредин (претседател), проф. д-р Фатмаѓул Џирфинлиоглу (член) и проф. д-р Абдула Ишиклар (член).

Која е д-р Шехида Ризванче Матсан?

Шехида Ризванче Матсан во 2002 година дипломирала на Факултетот за образование при Универзитетот „Хаџетепе“, на Одделот за образовни науки, психолошко советување и насочување. По дипломирањето таа започнала со магистерски студии по Образовна психологија на Институтот за образовни науки при Универзитетот „Анкара“. Во 2005 година магистрирала и се стекнала со титула специјалист по образование. Во периодот од 2006 до 2012 година, работела како психолошки советник во различни образовни институции во Република Турција. Oд 2014 до 2017 година работела како наставник по предметите Филозофија, Социологија и Логистика во средното општинско училиште во Гостивар. Од март 2019 година работи како истражувачки асистент при Катедрата за психологија на Факултетот за општествени науки на Меѓународниот универзитет „Визион“. Таа е мажена, и е мајка на едно дете.

АКАДЕМСКИСОРАБОТКИ

Kafkasya Üniversiteler Birliği
Bilecik Şeyh Edebali Üniversitesi
Kırgızistan Türkiye Manas Üniversitesi