РЕАЛИЗИРАНА Е ПЕТТАТА ДОКТОРСКА ОДБРАНА НА „ВИЗИОН“


Во салата на Сенатот на Меѓународниот универзитет „Визион“  докторска одбрана изврши м-р Доника Алидеми, државјанка на Република Косово.

            Доника Алидеми со успех ја изврши одбраната на својата докторска теза од областа на клиничката психологија при Факултетот за општествени науки, со наслов „Пост Ковид-19 рецидиви, чувство за кохерентност, лична благосостојба и задоволство од животот кај лица кои поминале инфекција со Ковид-19“,  пред комисијата во состав: проф. д-р Ќуфли Османи (ментор и член), проф.д-р. Муса Мусаи (претседател), проф. д-р Љупчо Кеверески (член), проф. д-р Абдулмеџит Нуредин (член) и проф. д-р Менсур Нуредин (член), и се стекна со титула доктор на науки. На церемонијата присуствуваа проректори, декани и дел од академскиот кадар на Меѓународниот универзитет „Визион“.

Ѝ посакуваме успех во академски живот на д-р Доника Алидеми, која успешно ја реализира петтата докторска одбрана во рамките на Факултетот за општествени науки при Меѓународниот универзитет „Визион“.

АКАДЕМСКИСОРАБОТКИ

Kafkasya Üniversiteler Birliği
Bilecik Şeyh Edebali Üniversitesi
Kırgızistan Türkiye Manas Üniversitesi