НОВА АКАДЕМСКА ГОДИНА И НОВ РЕКТОР НА „ВИЗИОН“


На 04.10.2022 година во свечената сала на Меѓународниот универзитет „Визион“, се одржа отворањето на академската 2022/2023 година. На споменатото отворање присуствуваа основачкиот ректор на Меѓународниот универзитет „Визион“, проф. д-р Фадил Хоџа, ректорот на Меѓународниот универзитет „Визион“ проф. д-р Ахмет Веџди Џан, претседателот на Турската демократска партија и пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, д-р Бејџан Илјас, заменик-министерот за труд и социјална политика на Република Северна Македонија, г. Енвер Хусеин, поранешниот министер на Република Северна Македонија, г. Хади Незир, секретарот на премиерот на Република Северна Македонија, доц. д-р Муједин Кавеџи, директорот на Институтот „Јунус Емре“ во Скопје, г. Серхат Кула, директорот на Одделот за развој на образованието г. Зекерија Хасип, заменик-директорот на Дирекцијата за заштита и спасување на Република Северна Македонија, г. Зулфиќар Зејнулах, како и многу други поканети проректори, професори и голем број  на студенти и нивни родители.

Поздравни говори одржаа претседателот на ТДП, пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, заменик-претседател на Меѓупарламентарната група за пријателство помеѓу Македонија и Турција, д-р Бејџан Илјас и директорот на Институтот „Јунус Емре“ во Скопје, г. Серхат Кула. Во воведниот говор на програмата досегашниот ректор, кој функцијата ректор ја извршуваше во два последователни мандати помеѓу 2014-2022 година, проф. д-р Фадил Хоџа опширно зборуваше за активностите на Универзитетот во изминатите 8 години и меѓународните односи на Универзитетот. Воедно му посака на новоизбраниот ректор успех во работењето. По прошталниот говор, проф. д-р Фадил Хоџа ја изврши церемонијата на примопредавање на функцијата на новоизбраниот ректор на Меѓународниот универзитет „Визион“, проф. д-р Ахмет Веџди Џан кој претходно ја извршуваше функцијата декан на Факултетот за економски и административни науки на Универзитетот „Сакарија“. По одржувањето на првиот воведен говор во академската 2022/2023 година, новиот ректор на Меѓународниот универзитет „Визион“ проф. д-р Ахмет Веџди Џан пред гостите ги претстави претседателот на Сенатот и новоизбраните декани. За досегашниот максимален напор и поддршка за институционализација и развој на Универзитетот, преку вршење на должноста основачки ректор на Меѓународниот универзитет „Визион“ во периодот 2014-2022 година на проф. д-р Фадил Хоџа му се додели награда за услуги од страна на претседателот на фондацијата „Шар Вардар“, г. Мефаил Реџеп.

АКАДЕМСКИСОРАБОТКИ

Kafkasya Üniversiteler Birliği
Bilecik Şeyh Edebali Üniversitesi
Kırgızistan Türkiye Manas Üniversitesi