УНИВЕРЗИТЕТОТ „ВИЗИОН“ ПРИСУСТУВАШЕ НА МЕЃУНАРОДНИОТ КОНГРЕС ЗА ОПШТЕСТВЕНИ НАУКИ НА ТУРСКИОТ СВЕТ ОДРЖАН ПРИ КИРГИСТАНСКО-ТУРСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ „МАНАС“


Ректорот на Меѓународниот универзитет „Визион“, проф. д-р Ахмет Веџди Џан и проректорот проф. д-р Абдулмеџит Нуредин присуствуваа на Меѓународниот конгрес за општествени науки на турскиот свет што се одржа на Киргистанско-турскиот Универзитет „Манас“ во Бишкек, Киргистан.

Програмата на свеченото отворање на Конгресот се одржа во конференциската сала „Касим Тинистанов“. Конгресот оваа година беше организиран по дваесетти пат од страна на Центарот за истражувачка и апликативна работа на турската цивилизација при KTMУ, Центарот за апликативна и истражувачка работа на турскиот свет при Универзитетот „Сакарија“ и Истражувачката фондација на турскиот свет и истиот траеше три дена.

Програмата која започна со интонирање на националните химни на Турција и Киргистан и со проекција на институционално-промотивни филмови, продолжи со воведните говори.

Говорејќи на конгресот, ректорот на Меѓународниот универзитет „Визион“, проф. д-р Ахмет Веџди Џан изјави дека Турците сега, чекор по чекор, стигнуваат до сонот за големата туранска географија, големиот Туркистан, каде што Турците меѓусебно се испреплетени во согласност со правото на братството, искреноста и љубовта и ги користат можностите кои им се дадени на овој свет за доброто на човештвото.

По воведните говори, Конгресот продолжи со специјалната сесија за турскиот свет под модераторство на ректорот проф. д-р Алпаслан Џејлан. Во оваа сесија, проректорот на Меѓународниот универзитет „Визион“, проф. д-р Абдулмеџид Нуредин го претстави својот труд со наслов „Проблемот на дијаспората на турскиот свет и балканските Турци во надворешната политика на Турција“.

Научниците од турскиот свет на овие сесии презентираа различни трудови за актуелни прашања.

АКАДЕМСКИСОРАБОТКИ

Kafkasya Üniversiteler Birliği
Bilecik Şeyh Edebali Üniversitesi
Kırgızistan Türkiye Manas Üniversitesi