МЕЃУНАРОДНА ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА ОРГАНИЗИРАНА ВО СОРАБОТКА ПОМЕЃУ УНИВЕРЗИТЕТОТ „ВИЗИОН“ И ЦЕНТАРОТ „ТУРКМЕР“ ПРИ УНИВЕРЗИТЕТОТ „САКАРИЈА “


Меѓународниот универзитет „Визион“ и Центарот за применети истражувања во турскиот свет при Универзитетот „Сакарија“- Туркмер од Република Турција организираа меѓународна панел дискусија на тема „Споделување на искуства и соработка во областа на високото образование помеѓу Турција и Северна Македонија“.

Под модераторство на директорот на Апликативниот и истражувачки центар за сметководство и финансии Муфам  при Универзитет „Сакарија“ проф. д-р Ахмет Веџди Џан, на воведната сесија на панел дискусијата свои поздравни говори и презентации одржаа ректор на Меѓународниот универзитет „Визион“ проф. д-р Фадил Хоџа, претседателот на Одборот за квалитет на високото образование на Турција Јокак проф. д-р Мухсин Ќар, претседателот на Одборот за акредитација на Северна Македонија проф. д-р Агим Рушити, секретарот на премиерот на Северна Македонија, доц. д-р Муједин Кавеџи и директорот на Центарот за применети истражувања во турскиот свет при Универзитетот „Сакарија“, проф. д-р Ќоксал Шахин.

По воведната сесијата беа потпишани два протоколи, првиот за меѓународна соработка помеѓу Одборот за квалитет на високото образование на Република Турција – Јокак и Одборот за акредитација на Северна Македонија, и вториот помеѓу Институтот за балкански истражувања при Меѓународниот универзитет „Визион“ и Центарот за применети истражувања во турскиот свет при Универзитетот „Сакарија“–Туркмер. Ректорот на Меѓународниот универзитет „Визион“ проф. д-р Фадил Хоџа им додели плакета и сертификат на претседателот на Одборот за квалитет на високото образование на Турција – Јокак, проф. д-р Мухсин Ќар, претседателот на Одборот за акредитација на Северна Македонија, проф. д-р Агим Рушити, секретарот на премиерот на Северна Македонија, доц. д-р Муједин Кавеџи и директорот на Центарот за применети истражувања во турскиот свет при Универзитетот „Сакарија“, проф. д-р Ќоксал Шахин.

Другите сесии на панел дискусија продолжија со презентација на трудови од страна на истакнати академици во три сесии во салата на Сенатот на Универзитетот.

АКАДЕМСКИСОРАБОТКИ

Kafkasya Üniversiteler Birliği
Bilecik Şeyh Edebali Üniversitesi
Kırgızistan Türkiye Manas Üniversitesi