Проф. д-р Фадил ХОЏА
ОСНОВАЧ РЕКТОР
на МЕЃУНАРОДЕН УНИВЕРЗИТЕТ ВИЗИОН
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА-ГОСТИВАР

       Проф. д-р Фадил Хоџа е роден во 1963 година во Гостивар, Северна Македонија. По завршувањето на додипломските студии на Катедрата за турски јазик и книжевност при Филолошкиот факултет во Скопје, постдипломските студии ги завршил на Катедрата за стара турска книжевност на Факултетот за литература при „Истанбулскиот универзитет“ во Истанбул, а докторирал на државниот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, при што предавал на истиот универзитет како дел од академскиот кадар во периодот од 1989 до 2019 година и работел како гостин-предавач на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ во периодот помеѓу 2010-2013 година.

  Досега има напишано 4 различни книги, исто така има објавено над 80 труда во различни национални и меѓународни списанија напишани на различни јазици (турски, македонски, српски, англиски, руски). Основачки член е на Фондацијата за наука, култура и уметност „Шар Вардар“.

  Бил претседател на АДЕКСАМ , Центар за образование и култура од 2000 до 2004, во периодот помеѓу 2005-2015 година бил член на управниот одбор на Организацијата за помош „Ал-Хилал“, а од 2004 до 2008 година ја извршуваше фунцијата на претседател на МАТУСИТЕБ (Унија на турски здруженија на граѓани во Македонија). Бил генерален уредник на Меѓународното референтно списание за научни истражувања „ХИКМЕТ“ во периодот помеѓу 2009-2019 година, исто така бил член на научни и уредувачки одбори во многу меѓународни референтни научни списанија.

  Во 2013 година бил избран за академик на годината во Северна Македонија од страна на Министерството за образование на Република Северна Македонија. Во 2014 година, во Анкара, му била доделена Наградата за културен придонес во турскиот свет од страна на Институтот за истражување на турската народна култура. Во 2015 година бил награден со Меѓународната награда „Сулејман Брина“ за придонес во турска култура на Балканот во Призрен (Косово).

Бил претседател на Комисијата за матурските испити организирани од македонското Министерство за образование и наука во периодот помеѓу 2013-2017 година. Во периодот помеѓу 2019-2020 година бил претседател на Здружението на универзитети на Југоисточна Европа - АЦЕУ.

Во периодот помеѓу 2017-2022 година ја извршувал функцијата претседател на Комисијата за овластени преведувачи во македонското Министерството за правда.

Од 2014 до 2022 година, во два мандата ја извршувал функцијата основач ректор на Меѓународниот универзитет „Визион“.

Оженет е и е татко на две деца. 


Порака на Основач ректорот

            Почитувани студенти,

          Земајќи ја во предвид структурата на европската и балканската географија, одржливиот развој, развитокот и егзистенцијата е главно се развиваат преку образованието. Во принцип, во Европа и Балканот, и локално во Македонија на врвот на проблемите кои ги имаат малцинствата кои што живеат во региони е проблемот со високото образование. Врз оваа основа, е основан меѓународниот универзитет Визион, при што нашата главна цел е да ги отстраниме недостатоците во областа на образованието и да го интегрираме образованиот кадар и академиците од релевантните системи на балканските земји, да обезбедиме интеграција, повторно да ја развиеме социјалната динамика, и да се одржи конструктивното присуство на елементот на малцинството во земјата и во балканскиот регион.

             Ние, како Универзитет Визион, постоиме за Вас, со наш главен приоритет е да Ви обезбедиме подобро образование и подобро да Ве подготвиме за животот.

              Имајќи во предвид дека живееме во глобален свет, ќе се потрудиме Вас да Ве подготвиме за глобален натпревар.

Link: KUZEY MAKEDONYA ULUSLARARASI VİZYON ÜNİVERSİTESİ - REKTÖRÜN RÖPORTAJI
Uluslararası VİZYON Üniversitesinin Kuruluş Amacı
Uluslararası VİZYON Üniversitesinin Açılış Töreni
test

АКАДЕМСКИСОРАБОТКИ

Kafkasya Üniversiteler Birliği
Bilecik Şeyh Edebali Üniversitesi
Kırgızistan Türkiye Manas Üniversitesi