ИСТОРИЈАТ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ


Меѓународен Универзитет Визион произлегува од автохтоната заедница и ги интегрира светските практики и мултикултурниот дух во нашата држава.

Зачуваните вредности од богатата културна историја и нивното опстојување како вечно наследство рефлектираше на постигнувањето на квалитетни кадри кои што се истовремено и инициатори за формирање на универзитетот. Тие вредности остануваат постојан предизвик за сегашноста и иднината како стремеж на нашето општество за сопствена афирмација и натпревар со сите културни народи чиј предзнак е негување и развој на цивилизираниот хуманизам.

Основањето на Меѓународен  универзитет Визион и неговиот досегашен развој претставува значајна алка во синџирот достигања во образовната, научната и културната архитектура на современото мултикултурно општество.

Универзитетот е формиран и работи врз основа на Законот за високото образование на Република Северна Македонија. Владата на Република Македонија даде согласност за основањето на Меѓународен Универзитет Визион – Гостивар во 2014 година. Истовремено преставува прв универзитет во државата кој има право да изведе настава на Македонски, Турски и Англиски Јазик ( „Службен Весник на РМ “ бр.153/14.) кој што истовремено преставува датумот на основањето на универзитетот.

Чинот на формалното конституирање на Меѓународен  универзитет "Визион"-Гостивар, на 08.06.2015 година, секако  е резултат на еден подолг процес при што историската традиција значи појдовна основа врз која се надоградуваат образованието и наукатa.

Меѓународен  Универзитет "Визион" започна со 5 факултети и тоа: Економски факултет, Факултет за информатика, Факултет за Општествени Науки, Правен факултет и Архитектонски Факултет.

Од студиската 2018/19 година, во состав на Универзитетот се и 2 нови единици: Институт за Балканско Истражување и Институт за Опшествени Науки.  Истовремено од академскта 2020/21 година почна со работа и  Факултетот за Инженерство и Архитектура.

Универзитетот постојано вложува напори за интернационализација, кој што преставува значаен фактор за афирмација на општеството, државата истовремено и постигнување на меѓународни стандарди и хармонизација на студиските програми. Во овој склоп универзитетот има потпишано над 80 Меѓународни договори за соработка.

Универзитетот е членка на ACEU: Алијанса на универзитети од Централно-Источна Европа и членка на BUA- Balkan Universities Association.

АКРЕДИТАЦИЈА

РЕШЕНИЕ ЗА ПОЧЕТОК СО РАБОТА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ
САМОЕВАЛУАЦИЈА 2021


АКАДЕМСКИСОРАБОТКИ

Kafkasya Üniversiteler Birliği
Bilecik Şeyh Edebali Üniversitesi
Kırgızistan Türkiye Manas Üniversitesi